Немате квалификација или имате само средно, вакви се бараат во Германија

Вторник, 14 Мај 2019 14:05 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Германија во првиот квартал регистрира 1,38 милиони слободни работни места, што е речиси за 200.000 повеќе во однос на истиот период лани. Податоците ги објави Сојузната агенција за вработување.

Најголема е побарувачката има за квалификувани работници од средното образование како и за инженери во областа на хемијата, машинството и градежништвото.Расте побарувачката и на работници без квалификации.

Според Агенцијата најмногу отворени места има во услужните дејности, градежништвото и здравството.