Испечатете ја страната

Хакерски напад на една од најголемите берзи за тргување со криптовалути

Среда, 08 Мај 2019 14:12 Напишано од  Објавено во СВЕТ
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Една од најголемите берзи за тргување со криптовалути, Binance, беше мета на хакерски напад. Хакерите успеале да украдат 7.000 биткоини во вредност од 40 милиони долари преку една трансакција, се вели во соопштението на берзата.

Според Binance тие се служеле со “разновидни техники”, вклучувајќи phishing и вируси за да добијат голема количина на кориснички податоци. Од таму велат дека хакерите имале трпеливост да чекаат и извршуваат доброорганизирани акции преку повеќе независни сметки во најсоодветното време. Штом криптовалутите биле украдени се активирале алармите, но сепак Binance не можела да го спречи “нападот“. Берзата ќе го користи фондот #SAFU за целосно покривање на овој инцидент и нема да бидат засегнати никакви кориснички средства. Според нив безбедносниот преглед ќе трае околу една недела.