Американските банки убедливо ги надминаа европските

Среда, 24 Април 2019 14:22 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Најголемите европски банки далеку заостануваат зад американската конкуренција во профитабилноста и уделот на пазарот, според извештајот на консултантската компанија Ernst&Young.

Десетте водечки европски банки ја зголемиле минатогодишната добивка за 35 проценти на 52 милијарди евра. Во истиот период, профитот на 10-те најголеми американски банки скокнал за 88 проценти на 138 милијарди евра.

Европските кредитори ги притискаат ниските каматни стапки која ги утврди Европската централна банка (ECB), а плаќаат и високи казни на депозити во ECB, констатира аналитичарот на Ernst&Young, Клаус Петер Вагнер.

Паралелно на американските банки добро им дојде и даночната реформа која на крајот од 2017 година ја спроведе Доналд Трамп.

“Американските институции сеуште се лига сами за себе”, заклучува аналитичарот на Ernst&Young. “Сè на сè, американските банки се сеуште се во подобра позиција, тие се значително попрофитабилни и подобро капитализирани”, заклучува Вагнер според резултатите од истражувањето.