Пропадната компанија купена за 26 центи ја претворил во лидер на авио-индустријата

Четврток, 11 Април 2019 12:48 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Извршниот директор на нискобуџетната авио-компанија "Air Asia", Тони Фернандез, е еден од претприемниците кои успеале целосно пропаднат бизнис да кренат на нозе.

Токму поради тој потфат ја заработил титулата "крал на трансформациите". 

Откако изградил успешна бизнис кариера во дискографската куќа "Warner Music", овој успешен претприемник се одлучил на целосна промена на кариера.

Така во 2001-та година со својот нов деловен партнер Камарудин Меранун, за еден малезиски рингит, или околу 26 центи, купил пропадната авио-компанија.

Така, под негово водство, само минатата година, "Air Asia" остварила добивка од 10,6 милијарди малезиски рингити, односно 2,58 милијарди долари.

Исто така, ја зголемил и целата работна флота на компанијата. Пред неговото доаѓање оваа компанија располагала со два авиони и вработувала 10 работници, за денес да има интернационална мрежа од 20.000 работници и 250 авиони.

Квалитетот на неговата работа бил потврден и со неодамнешното именување на Air Asia за најдобра светска нискобуџетна авио-компанија.

Како тајна на својот успех го истакнува скриениот талент за пронаоѓање на најдобри луѓе. "Барам луѓе кои гризат, кои се желни за успех", рекол тој.