Трговијата меѓу Русија и Кина достигна 100 милијарди долари

Петок, 15 Март 2019 14:54 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Кина и Русија минатата година успеаја да ја прошират својата билатерална трговија, чиј обем надмина 100 милијарди долари, рече премиерот Ли Кечијан на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека постои голем потенцијал за соработка меѓу Москва и Пекинг не само во големите проекти и во трговијата со стоки, туку и во малите и микро претпријатија, вклучувајќи и прекуграничен е-бизнис.

Според него, тие одржуваат добри контакти во авијациската и вселенската индустрија и ја прошируваат континуираната регионална размена.

Ли Кечијан истакна дека двете земји треба да се стремат кон проширување на трговијата со стоки и услуги до 200 милијарди долари.