„Етихад Ервејс“ со загуба од 1,28 милијарди долари во 2018 година

Четврток, 14 Март 2019 14:41 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Авиокомпанијата „Етихад Ервејс“ соопшти за загуби од 1,28 милијарди долари во 2018 година, што е трета година по ред со загуби од над милијарда долари.

Авиокомпанијата денеска објави дека имала приходи од 5,86 милијарди долари, што е намалување од шест милијарди долари во 2017 година.

„Етихад Ервејс“ објави загуби од 1,52 милијарди долари за 2017 година и 1,95 милијарди долари во 2016 година. Стратегијата на авиокомпанијата за агресивно купување удели во авиокомпании од Европа до Австралија за да се натпреварува против Емирати и со Катар ервејс ја изложија компанијата на големи загуби