Вредноста на криптовалутите повторно почна да расте

Среда, 13 Март 2019 13:10 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Пазарот на криптовалути доживеа неочекуван пресврт, a вредноста на најголемите криптовалути – bitcoin, ethereum и litecoin, продолжи да бележи раст.

Litecoin, кој често се опишува како сребрена криптовалута, доживеа најголем пораст, зголемувајќи ја својата вредност за повеќе од 30%. Овој пораст е најголем во 2019 година и доаѓа изненадувачки, по неколку месеци на константен пад на вредноста на сите криптовалути.

И Bitcoin по постојаниот губиток на вредност конечно почна да расте. Позитивната насока на движење на вредноста на криптовалутите ќе биде големо олеснување за инвеститорите на пазарот, кои сведочеа постојано опаѓање на вредноста на сите криптовалути откако bitcoin го забележа најголемиот пораст досега и во крајот на 2017 година чинеше околу 20.000 долари за еден токен.