Фолксваген укинува уште 7.000 работни места

Среда, 13 Март 2019 12:57 Напишано од  Објавено во СВЕТ

При претставувањето на деловниот извештај, врвот на концернот вчера порача дека Фолксваген во иднина ќе се фокусира на електромобилноста. Еден ден подоцна стана јасно што ќе значи тоа за вработените.

Германскиот автомобилски концерн Фолксваген денеска објави дека ќе укине меѓу 5.000 и 7.000 работни места до 2023 година во својата истоимена единица во рамки на мерките за штедење воведени поради финансирање на инвестиции во електричните и автономни возила.

„Поради автоматизација и рутински задачи компанијата очекува дека ќе укине меѓу 5.000 и 7.000 работни места до 2023 година“, наведе компанијата во соопштението и додаде оти намалувањето на работната сила ќе биде спроведено така што нема да се заменуваат оние лица кои ќе одат во пензија.