БМВ петта година најголем извозник на автомобили во САД

Вторник, 12 Март 2019 12:55 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Германскиот производител на автомобили Бе-Ем-Ве соопшти дека е најголемиот по вредност извозник на автомобили во САД веќе петта година по ред.

Со извоз на повеќе од 8,4 милијарди долари во 2018 година, компанијата соопшти дека извезла 234.689 од своите спортски автомобили од X-серија и купеа од фабриката Спартанбург во Јужна Каролина во 2018 година.

-И покрај континуираната неизвесност околу трговијата и царините, Спартанбург продолжува да дава позитивен придонес за трговскиот биланс на САД, изјави Кнут Флор, претседател и извршен директор на Бе-Ем-Ве.

Извештајот за извоз доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за увоз на автомобили во авто делови до 25 отсто.