Речиси 5.000 банкари во ЕУ заработуваат повеќе од еден милион евра годишно

Вторник, 12 Март 2019 12:54 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Бројот на банкарите во Европската унија со годишен приход од повеќе од еден милион евра во 2017 година се зголемил на речиси 5.000, дури и по ограничувањето на висината на бонусот од страна на регулаторите, покажува извештајот на Европската агенција за банки (ЕБА).

ЕБА објави во понеделникот дека 4.859 банкари добиле повеќе од еден милион евра во 2017 година, заедно со бонуси, додека претходната година имаше 4.597. Повеќето од нив се во Велика Британија, според податоците на ЕБА. Меѓутоа, додека Британија се подготвува да ја напушти ЕУ на крајот од месецот, се очекува некои високоплатени банкари да се преселат од Лондон во новите центри во Европа, потсетува Ројтерс.

Откако државите беа принудени да ги спасуваат кредиторите за време на финансиската криза пред 10 години, ЕУ ги ограничи бонусите во 2014 година на ниво на основната плата, или максимум две со одобрение на акционерите. Како што објавија EБA, просечниот сооднос помеѓу променливите и фиксните плати за оние кои се најдобро платени продолжуваат да опаѓаат, почнувајќи од 104 отсто во 2016 година на 101,08 проценти во 2017 година. Во 2014 година, тоа беше 123 проценти, а во 2015 година 118 проценти.

Најдобро платените, повеќето се наоѓаа во Велика Британија, вкупно 3,567 во 2017 година, или 73,3 проценти – 38 повеќе отколку во 2016 година. Во Германија имале 390 во 2017, 201 во Италија, 233 во Франција и 161 во Шпанија.

Голем број големи банки од Лондон, отворија свои седишта на друго место во ЕУ, како припрема за работење по Брегзит. Велика Британија се противела за износот на бонусот, истакнувајќи дека оваа состојба ќе ги наведе банките да го ублажат влијанието на ограничувањата, така што ќе ја зголеми основната плата, која потоа ќе им биде тешко на заемодавците за да ги намалат трошоците за време на криза на пазарот.