Кина предвидува економски раст од 6,5%

Вторник, 05 Март 2019 11:45 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Предвидени се бројни мерки за поддршка на економската активност. Инфлацијата ќе достигне околу 3 отсто, а буџетскиот дефицит е 2,8 отсто од бруто домашниот производ.

Кина предвидува економски раст од 6 до 6,5 отсто во 2019-та година, благ пад во споредба со порастот од 6,6 отсто во 2018-та година, се вели во извештајот на премиерот Ли Кeцијанг за годишниот извештај објавен парламентарната седница, пренесе „Ројтерс“.

 

Предвидени се бројни мерки за поддршка на економската активност. Инфлацијата ќе достигне околу 3 отсто, а буџетскиот дефицит е 2,8 отсто од бруто домашниот производ.

Воените трошоци за 2019-та година ќе се зголемат за 7,5%, што исто така е благо опаѓање во споредба со 2018-та година, кога порасна за 8,1%. Пекинг ќе потроши 1.190 милијарди јуани (177 милијарди долари) за одбрана. Кинескиот воен буџет е втор во светот по САД и е четири пати помал од САД.

Воените трошоци ќе се зголемат поради кинеските територијални спорови со соседните земји на Јужното Кинеско Море и заканите од приврзаниците за независна држава на островот Тајван.

Говорејќи на отворањето на Народното собрание, премиерот Ли Кeцијанг се обиде да ја увери земјата дека лидерите ќе ја задржат втората по големина економија во светот на добра основа, и покрај зголемените ризици.

За да и помогне на економијата, Ли Кeцијанг рече дека фискалната политика на Кина ќе стане „посилна“, додека владата планира намалување на даноците и надоместоците за компании од речиси 2.000 милијарди јуани (150 милијарди долари).

Даночните намалувања се поагресивни од оние од 1.300 милијарди јуани изречени во 2018-та година и ќе вклучуваат чекори за поддршка на производството, транспортот и градежниот сектор.

Ли Кeцијанг, исто така, рече дека Кина внимателно ќе го следи вработувањето во извозно ориентираните компании со висока изложеност на пазарот во САД и да го намали данокот на додадена вредност (ДДВ) на производствениот сектор до 13% од 16%. ДДВ за транспортниот и градежниот сектор ќе се намали на 9 од 10%.

Владата има за цел да создаде повеќе од 11 милиони нови работни места во градовите во оваа година и да ја одржи стапката на урбана невработеност на 4,5% во согласност со целите од 2018-та. Во исто време, ќе бидат намалени стапките на социјално осигурување на компаниите.

Во обид да ги зголеми инвестициите во инфраструктурата, кинеското министерство за финансии ја зголемува квотата за издавање обврзници на локалните власти до 2.150 милијарди јуани од 1.350 милијарди јуани во минатата година.

Помалите даночни приходи и повисоките државни трошоци значи дека Пекинг го зголемува својот буџетски дефицит на 2,8% од БДП-то, во споредба со 2,6% во минатата година.

Во изминатата година, централната банка на Кина ги намали задолжителните резерви за комерцијалните банки петпати за да го зголеми кредитирањето на малите и приватни компании, кои се од витално значење за растот и вработувањето.

Ли Кeцијанг рече дека монетарната политика ќе биде „ниту затегната ниту премногу лабава“ и дека нема да дојде до „поплава“ со ликвидноста.