Аквизицијата на Monsanto го зајакна корпоративниот извештај на Bayer

Четврток, 28 Февруари 2019 12:59 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Купувањето на американската компанија за семиња и хербициди, „Monsanto“ за 63 милијарди долари го покажа своето благотворно влијание врз корпоративните податоци за четвртиот квартал на германската фармацевтска компанија „Bayer“, соопштува „Ројтерс“.

Друштвото базирано во Леверкузен предвиде приспособен профит пред оданочување и трошоци за камати и амортизација (EBITDA) во износ од 2,07 милијарди евра (2,4 милијарди долари), надминувајќи ги очекувањата за профит од 2 милијарди евра.

Според аналитичарите овие податоци покажуваат знаци на закрепнување по неколку години на слаби резултати при побарувачката, а делумно се должи на трансакциите при плаќањата од страна на „BASF“, која купи дел од агрокултурниот бизнис на „Bayer“.

Компанијата забележува пад од 76,9% на годишната нето добивка во 2018-та година во однос на претходната година, во која профитот бил стимулирана од повлекувањето на компанијата од нејзината филијала „Covestro“.

Добивката кај производите без рецепт се зголемила за 11% до 279 милиони евра во четвртиот квартал во позадина на 4,9-процентното намалување кај продажбата.

Компанијата стана најдобро претставената компонента во германскиот берзански индекс „DAX“ во денешната сесија, а нејзините акции поскапеа за 4,3% до 69,34 евра за акција по објавувањето на извештајот.

„EBITDA“ на единицата на „Bayer“, со фокус на агрокултурата, забележа раст од 79% до 543 милиони евра.

Во моментов германскиот фармацевтски гигант се бори со делата кои ги започнаа во САД против хербицидите „Roundup“ на „Monsanto“. Поднесени се 9.300 жалби, во кои се истакнува штетното вилјание на препаратот врз човековото здравје, а во 2018-та година во врска со ова американски државјанин успеа да заработи надомест во износ од 78 милиони долари, докажувајќи дека „Roundup“ е причина за неговото заболување од рак.