Амортизацијата од кредитите го погодија профитот на ABN Amro

Среда, 13 Февруари 2019 15:21 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Холандската банка „ABN Amro“ објави нето профит за четвртиот квартал многу под проценките на аналитичарите поради скок во амортизацијата од кредитите, објави „Ројтерс“.

Нето добивката се намали за 42 отсто на 316 милиони евра од 542 милиони евра во претходната година. За споредба, просечната прогноза меѓу аналитичарите во анкетата на „Ројтерс“ беше за профит од 446 милиони евра.

„Нето-добивката беше погодена од повисоката амортизација од кредитите во одредени сектори“, рече извршниот директор на Kеес ван Дајхаузен.

Амортизацијата од кредитите се зголемила до 208 милиони евра од 34 милиони евра пред една година, бидејќи логистиката од нафтените услуги, дијамантите и некои други сектори продолжуваат да се соочуваат со тешкотии покрај силното закрепнување на холандската економија и високите цени на нафтата.

Минатата година „ABN Amro“ рече дека ќе ги ограничи операциите за трговија и стоковни финансии во офшор компании, дијаманти и логистичките сектори за да се подобри профитабилноста.

Банката соопшти дека коефициентот на адекватност на капиталот на основниот капитал бил на ниво од 18,4% на крајот на декември во однос на 18,6% пред три месеци и во близина на горниот краен опсег 17,5-18,5% , поставена за 2018-та година.

Дивидендите за 2018-та година изнесуваат 1,45 евра по акција, зголемувајќи го коефициентот на исплата на дивидендите до 62% од нето добивката во однос на 50% од пред една година.