Најголемиот пензиски фонд во светот загуби 136 милијарди долари

Понеделник, 04 Февруари 2019 14:29 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Најголемиот пензиски фонд во светот забележа рекордни загуби во последните три месеци од 2018-та година, информира „Bloomberg“.

Јапонскиот „Government Pension Investment Fund“ (GPIF) објави дека го завршил последниoт квартал од годината со загуба од 9,1%, или 14,8 илјади милијарди јени, во вредност од 136 милијарди долари.

Падот на средствата, како и загубата, се рекордни во последните 10 години

Главната причина за лошите резултати на фондот главно се должи на акциите на локалните компании, по што следат акциите на странските издавачи.

Средствата на фондот паднаа на 150,7 илјади милијарди јени, што е еквивалентно на 1,4 илјади милијарди долари.

Имено, акциите беа главната причина за „GPIF“ да објави добри резултати во изминатите две години. Сепак, продажбата забележана на пазарите во последните месеци од 2018-та година доведе до слаби резултати на крајот од минатата година.

„За „GPIF“, има многу смисла да се инвестира во акции, бидејќи приносите на обврзниците во моментов не носат добар приход“, вели главениот оперативен директор на „Shinkin Asset Management Co.“, Наоки Фуџивара.

Вкупно 28,2% од средствата на Фондот се инвестираат во јапонски обврзници, но тие добија само 1% принос за периодот.

Инвестициите во акциите за тој период се намалени за 10 илјади милијарди јени, што се должи на тензиите меѓу двете најголеми економии во светот – Кина и САД.

Највисокиот јапонски индекс „Topix“ се намали за 18 отсто во последниот квартал, што е највисок пад од 2008-ма година. За истиот период, „S & P500“ изгуби 14%, што е најлошото претставување од 2011-та година.

Јапонскиот јен се зголеми за 3,7% во однос на американскиот долар за тој период.

И покрај падот во последниот квартал, „GPIF“ постигна просечен годишен принос од 2,7% од 2001-ва година наваму.