ЕУ го обвини Ryanair за кршење на правата на потрошувачите

Петок, 05 Октомври 2018 10:48 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Европската комисија (ЕК) денеска ги повика властите на потрошувачите да ги разгледаат неодамнешните измени на политиката на авиокомпанијата „Ryanair“ за компензацијата.

Според Комисијата, компанијата го крши законодавството на Европската унија (ЕУ).

Комисијата особено ја наведува обврската на патниците од некои земји-членки на ЕУ да поднесат барање до судовите во Ирска за било какво барање за надомест од компанијата.

„Ги прочитав информациите за „Ryanair“ со загриженост“, рече Вера Јурова, комесар за правда, потрошувачи и родова еднаквост.

„Фактот дека патниците ќе можат да поднесат правни поплаки само во Ирска е јасно спротивно на правилата“, додаде таа.

Авиокомпанијата, која се соочува со штрајк на вработените, рече дека ќе ги врати парите за билетите, но нема да плаќа надомест на патници за откажани летови и одложувања.