САД ќе потроши 13 милијарди долари за обновување на аеродромот „Кенеди“ во Њујорк

Петок, 05 Октомври 2018 10:38 Напишано од  Објавено во СВЕТ

13 милијарди долари ќе чини обновувањето на меѓународниот аеродром „Кенеди“ во Њујорк. Ова го изјави гувернерот Ендрју Куомо, кој ја поддржува идејата дека застарениот аеродром треба да стане „туристички центар од светска класа“.

Плановите за промена на аеродромот беа презентирани денеска на состанокот во Менхетен од Њујоршката асоцијација за подобар живот.

Аеродромот ќе има два нови меѓународни терминали, централизиран копнен транспорт и подобри патишта.

Со овие подобрувања, капацитетот на аеродромот ќе се зголеми за најмалку 15 милиони патници годишно. Сега аеродромот опслужува околу 60 милиони патници годишно.

Се очекува градежните работи да започнат во 2020-та година. Првите две нови порти се очекува да работат три години подоцна. Поголемиот дел од проектот ќе биде завршен во 2025-та година.