Дубровник под вода – силните дождови го потопија градот

Среда, 03 Октомври 2018 06:49 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Од утрово во четири часот , Дубровник е погоден од силни дождови , што предизвикаа поплави и проблеми во поморскиот сообраќај.

Силниот дожд предизвика вистински хаос на улиците , со поплавени возила , куќи и објекти. Според податоците на метеоролошката служба денеска во Дубровник наврнало количество дожд , колку што изнесува просечното количество за половина година.

За три часа наврнале 259 литри дожд на метар квадратен. Според медиумите , толкаво количество дожд во Дубровник не наврнале во еден ден од 1961 година.

Дождот предизвика и застој на сообраќајот на подрачјето околу градот , така што сообраќајот по Јадранската магистрала кон аеродромот Чилипи се одвива наизменично по една лента.