Нови американски царини против Кина

Понеделник, 24 Септември 2018 09:12 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Трговскиот конфликт меѓу САД и Кина влегува во нова рунда: во сила се американски царини во вредност од 200 милијарди долари, Кина воведува контрацарини чиј волумен изнесува 60 милијарди долари.

Американските царини се надоврзуваат на веќе воведените давачки на кинески производи во вредност од 50 милијарди долари. Вкупно, сега се засегнати речиси поливината од увезуваните стоки од Кина. Новововедените царини во прво време ќе изнесуваат десет проценти, но од почетокот на 2019. година треба да достигнат 25 проценти. Одделни производни групи, меѓу кои Смарт воч од Епл, Блутут производи, како и автоседишта за деца се изземени од овој царински режим, што коментаторите го толкуваат како успех на лобистите на Епл и Амазон. 

Кинеската влада, како реакција на чекорот на Американците, веднаш најави реципрочни мерки - засегнати се производи од САД во вредност од 60 милијарди долари. Во основа, можностите на Кина да одговори со контрацарини на американските, се ограничени, зашто таа увезува стоки од САД само во вредност од 130 милијарди  долари.