Во Јужна Америка девет авиони принудно слетаа поради лажни закани за поставена бомба

Петок, 17 Август 2018 12:22 Напишано од  Објавено во СВЕТ

Девет авиони синоќа принудно слетаа во Чиле, во Аргентина и во Перу или пак беа принудени да се вратат на аеродромите од каде полетаа поради лажни закани за поставена бомба.

Два од авионите на „Латам ерлајнс“ и три на нискобуџетската чилеанска авиокомпанија „Скај“ принудно слетаа откако беа предупредени дека е поставена бомба.

Авионите, патниците и багажот се прегледани, при што не е утврдено дека заканите биле лажни.

 

Генералниот директор на Управата за цивилен авиосообраќај на Чиле, Виктор Виљалобос Кољао изјави дека биле упатени вкупно 11 закани, а девет се однесувале на постоечките летови.

Полицијата и надлежните во Управата за цивилен авиосообраќај се обидуваат да утврдат од каде се испратени заканите.

Четири од деветте авиони или полетале или крајна дестинација им бил аеродромот во Сантијаго.

Последен пат изменето на Петок, 17 Август 2018 12:30