СВЕТ

Највредниот старт – ап од САД, Uber минатата година регистрираше загуба од 1,8 милијарди долари, пишува The Drive. Оваа бројка е мало подобрување споредено со онаа во 2017 година кога загубата изнесуваше 2,2 милијарди долари. Од друга страна, пак, компанијата забележа пораст на продажбата со остварени приходи од три милијарди долари во последните три месеци од 2018 година, што е за 2% зголемување од претходното тримесечје, а 25% повеќе од истиот период пред една година. Лани Uber го продаде својот бизнис во југоисточна Азија на Grab и го спои бизнисот во Русија со Yandex и нивните продажби беа исклучени од…
Кинескиот гигант во електронската трговија „Alibaba Group Holding“ го зголеми својот удел во најголемата локална инвестициска банка – „China International Capital“. „Alibaba“ купи акции кои се на берзата во Хонг Конг, со што нејзинит уделот достигна 12%, покажуваат документите, пренесува „Ројтерс“. Интернет компанијата купи 117 милиони акции по просечна цена од 15.50 хонконгшки долари. Тоа е еквивалентно на вкупна инвестиција од 1,18 милијарди хонконгшки долари (230,61 милиони долари), покажуваат пресметките на „Ројтерс“, базирани врз податоците од берзата во Хонг Конг. Инвестицијата значи дека „Alibaba“ сега е втор по големина акционер во „CICC“, со удел од 11,74%. Нејзиниот конкурент, „Tencent Holdings“,…
Европската унија (ЕУ) и САД би можеле да додаваат во економиите по над 25 милијарди евра (28,3 милијарди долари), ако одлучат да ги укинат царинските давачки за индустриските стоки според анализата на Европската комисија. Извештајот, претставен од Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ, е изготвен откако претседателот на САД Доналд Трамп и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер се заложија да работат за намалување на трансатлантските бариери во трговијата. Во јануари Комисијата претстави предлог на земјите-членки за преговори за ограничените трговски договор меѓу ЕУ и САД, што може да ги укине оспорените царини кај автомобилите и да ги задржи…
Компанијата оператор на проектот за гасоводот „Северен поток 2“, „Nord Stream 2“ изградила околу 700 километри од проектот од 1.224 километри, соопшти рускиот министер за енергетика Александар Новак, цитиран од ТАСС, која се повикува на соопштение на енергетскиот завод. Министерот го кажал тоа по телефонскиот разговор со својот германски колега Петер Алтмајер, а исто така истакнал дека проектот напредува според планираното. Двајцата министри разговарале и за последните измени во Гасната директива на ЕУ и текот на изградбата на „Северен поток 2“, како и резултатите од трилатералните состаноци Русија-ЕУ-Украина во Брисел на 21-ви јануари за идниот транзит на гас преку Украина.…
Десет години по целосен финансиски крах, Исланд повторно се најде на работ на криза. Клучната економска гранка за државата од 340 000 жители, туризмот, стагнира, и му се заканува пад, а неговата нестабилност ја загрозила не само економската слика на таа земја, туку и целиот пазар на недвижнини. Иако по кризата на пазарот на недвижнини и граѓанскиот сектор доживеал голем скок сега се среќава со нови турбуленции. Како што наведува Блумберг, цените на станови во период од октомври 2017 ѕа година од истиот месец во 2018 годиа растеле 3 посто, додека во истиот тој период цените на луксузни станови пораснале…
Германскиот суфицит по тековната сметка на Германија може да се намали во 2018-та година, но тој сепак останува најголем во светот во изминатата година, благодарение на силниот извоз. Ова го покажуваат податоците на Институтот за економски истражувања „Ifo“ кои најверојатно повторно ќе се разгорат критиките против фискалната политика на германската канцеларка Ангела Меркел, објави „Ројтерс“. Со години, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската комисија го повикуваа Берлин да ги интензивира напорите за зголемување на локалната побарувачка како начин за зголемување на увозот и растот надвор од земјата. Ова, исто така, ќе помогне да се подобри економската рамнотежа на глобално ниво.…
Речиси половина од сите видови инсекти, клучни за екосистемите, како и за економијата, исчезнуваат во целиот свет и умираат со алармантна брзина, покажуваат резултатите од една студија која предупредува на „катастрофалниот колапс” на животната средина на планетата каде живееме. Екосистемите не можат да функционираат без милионите инсекти кои го сочинуваат јадрото на синџирот на исхрана, а резултатите од новото истражување, објавено во списанието „Билоџикал Конверзејшн“ укажуваат на тоа дека на нивното исчезнување најмногу влијаат човековите активности и климатските промени. Да се смени начинот на производство на храна „Заклучокот е јасен: ако не го смениме начинот на кој произведуваме храна, некои…
Една од водечките компании во Србија „Бамби“ од фондот Мид Европа Партнерс ќе биде купена од страна Компанијата Coca-Cola HBC AG за неверојатни 260 милиони евра. Преку оваа инвестиција, генералниот директор на  Coca-Cola HBC AG Зоран Богдановиќ, смета дека ќе има зголемување на компанијата и на нејзините клиенти. Coca-Cola HBC AG е исто така една моќна компанија која има доста лидерски брендови во својот асортиман. Покрај Бамби, кај оваа компанија ќе може да се најдат и Plazma, Wellness, Zlatni pek, Josh…
Најголемата европска банка „HSBC Holdings“ објави фрустрирачки раст на профитот за 2018-та година, откако повисоките трошоци и распродажбата на акциите влијаеле на нејзиниот бизнис. Во исто време доверителот предупреди дека послабите економски изгледи за Кина и Велика Британија ќе создадат дополнителни пречки во оваа година, соопштува „Ројтерс“. Банката останува во потрага за негативните ризици пред сегашната економска средина, глобалните трговски тензии и идната насока на каматните стапки, изјави главниот извршен директор Џон Флинт, завршувајќи ја првата година на чело на компанијата. Акциите на „HSBC“ во Хонг Конг поевтинија за 2,7% по објавувањето на веста. Економското забавување во Кина, како причина…
Компанијата за флаширани безалкохолни пијалоци „Coca-Cola HBC“ денеска објави дека ја купува српската компанија за кондиторски производи „Bambi“ за сума од 260 милиони евра од приватниот инвеститор „Mid Europa Partners“. Со овој чекор компанијата го проширува своето портфолио на пијалаци и своето присуство во Западен Балкан, објави „Ројтерс“. Со седиште во Швајцарија, компанијата која флашира и продава пијалоци на „Coca-Cola Company“ во 28 земји, вклучувајќи ја и Македонија, вели дека приходите на „Bambi“ за 2018-та година изнесуваат околу 80 милиони евра. „Bambi“ која произведува голем број на производи, вклучувајќи бисквити, вафли и солени производи, е основана во 1967-ма година, а…