МАКЕДОНИЈА

Минатата недела многу невработени беа повикани од Агенцијата за вработување да дојдат на обука за работа. Од Агенцијата објаснуваат дека од февруари е отворен повик за  обука на работници според барање на работодавачите и досега се стигнати 26 пријави од работодавачи за обука на 107 лица за следните занимања: готвач, скара мајстор, келнер, пекар, произведувач на сирење, заварувач, бравар, оператор за бризгање пластика, металостругар и шивач на кожа. Многу од дојдените во Агенцијата ја прифатиле обуката, но еден дел веднаш си заминале. – Јас сум електротехничар и професијата заварувач ми е некако многу далечна. Споменаа и некаков месечен надоместок од…
Преку Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот „Свети Апостол Павле” Охрид во првите шест месеци годинава патувале 1,2 милиони (1.163.667) патници, што претставува пораст од 12 проценти во споредба со истиот период од минатата година, соопшти ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор.   „Двоцифрените стапки на пораст на бројот на патници на македонските аеродроми продолжуваат и во првата половина од 2019 година, кои што се повисоки од просекот на ЕУ од 5,9 проценти. Очекуваме порастот на бројот на патници да го задржи истото темпо и да биде уште поголем во третиот и четвртиот квартал од годината, поради отворањето на четирите нови дестинации од…
Според првичните податоци од подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство жетвата на житните култури е во полн ек. Јачменот во 2019 година е засеан на околу 60.000 хектари. До денеска се ожненани околу 80 % од површините,  при што е остварен просечен принос од околу 3,3 тони по хектар. Пченицата е засеана на околу 70.500 хектари. Жетвата на пченицата е во полн ек и до денеска се ожнеани околу 30% од засеаните површини со остварен просечен принос од околу 3,5 тони по хектар во зависност од регионот. Според првичните проценки оваа година се очекува производство од пченица…
Антонио Аргир повторно е именуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, а воедно и за Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, за период од 4 (четири) години, почнувајќи од 09.07.2019 година, информира банката преку Македонската берза.
Малопродажните цени на „еуросупер 95“ од полноќ ќе изнесува 69 денари за литар, додека пак на „еуросупер 98“, се зголемува на 71 денар за литар. Цената на „еуросуперот“ од полноќ се зголемува за 0,50 денари, а на дизелот се намалува за исто толку. Малопродажните цени на „еуросупер 95“ од полноќ ќе изнесува 69 денари за литар, додека пак на „еуросупер 98“, се зголемува на 71 денар за литар. Цените на „еуродизелот“ се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува  61 денар за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продава за цена пониска за 0,50 денари…
Во мај годинава се издадени 222 одобренија за градење, што е на исто ниво во однос на мај лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Од вкупниот број одобренија, 135 (60,8  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 37 (16,7  проценти) за нискоградба и 50 (22,5  проценти) за објекти за реконструкција. Предвидена е изградба на 463 станови, со вкупна корисна површина од 39.499 метри квадратни. Гледано по регион, во Скопскиот се планирани 211 станови, најмногу во општина Ѓорче Петров (128), по што следат Гази Баба со 35 и Аеродром со 31. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите…
Не постои опасност да пропадне проектот за електроенергетско поврзување на Македонија со Албанија (со изградба на нов 400 киловолтен далекувод и изградба на нова трафостаница кај Охрид), напротив се интензивира и двата тендери ќе бидат објавени овој месец, реагира АД МЕПСО на текстот на Плусинфо во кој добро упатени извори тврдат дека проектот доцни веќе две години и постои опасност да пропадне. Ја пренесуваме целосната реакција на АД МЕПСО: „Во текстот се изнесени груби дезинформации и невистини со кои се прави обид да се наруши угледот на генералниот директор на МЕПСО, мноштво компетентни професионалци вработени во компанијата, а воедно и угледот на…
Жетвата на пченицата веќе е почната. Првите цени што се нудат од мелничарите е 9 денари за еден килограм. Оваа информација предизвика големо незадоволство кај земјоделците, па новиот министер за земјоделство се обиде дѐ ја смири ситуацијата и вети откупна цена и повеќе од 10 денари. „Цената зависи од квалитетот на пченицата. Кога зборуваме за цена од нива, на таа цена се додаваат транспортните трошоци и данокот. Се покажува дека цената е подобра од минатата година. Сепак, зависи од квалитетот и договорните услови и видот на производство. Оние со поголеми количини се во подобра позиција да преговараат за повисока цена,…
Речиси за сите македонски потрошувачи (91 отсто) означувањето на храната, односно информациите напишани на пакувањето на храната и на пијалаците се важни. Педесет и еден отсто од нив сметаат дека се многу важни, а 40 отсто дека се важни, додека само 9 отсто од потрошувачите сметаат дека означувањето на храната не е важно.   Сепак, кога станува збор за тоа дали ги читаат информациите на пакувањето пред да одлучат да купат храна или пијалак, само 47 отсто потрошувачи тоа го прават секогаш, а преостанатите тоа го прават понекогаш, ретко или никогаш.Ова го покажало истражувањето што го направила Агенцијата за храна…
Индустриското производство во мај годинава во однос на истиот месец од минатата година бележи раст од 1,2 проценти, а во првите пет месеци од годинава споредено со истиот период лани за 6,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „Рударство и вадење на камен“ во мај годинава, во однос на мај минатата година, бележи пораст од 5,4 проценти и од 22 процента во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, а опаѓање од 0,4 проценти во „преработувачката индустрија“. Намалувањето во секторот „преработувачка индустрија“ е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во…