МАКЕДОНИЈА

До Регулаторната комисија за енергетика биле доставени околу 1.300 барања од граѓани кои се исклучени од системот за парно греење. Најголем дел од барањата се разгледани и во 99,2 отсто од нив е позитивно решено. „Остануваат уште 180 до 200 барања за кои се прават последни анализи и во текот на идната недела ќе им одговориме на сите граѓани кои доставија барања до РКЕ“, изјави денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимовски. На крајот на март, РКЕ донесе одлука со која исклучените од системот за парно греење од април повеќе не треба да плаќаат паушал.
Исклучително е добра реализацијата во делот на патиштата, мостовите, патарините кои не се водат под централен Буџет но многу малку се кажува за тоа, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тој оцени дека според последните показатели има сериозно подобрување во реализацијата на капиталните инвестиции во ресорот што го предводи во првиот квартал од годинава и оти очекува солидни резултати за тековниот квартал. Одговарајќи на новинарски прашања, Сугарески рече дека во првите четири месеци кај гасификацијата се реализирани 27,4 проценти,  односно 400 милиони денари, износ што бил реализиран во цела 2018 година. Последните показатели се високи и за…
Од денеска започна потпишувањето на 43 договори за мерката за инвестиции во подземни системи за наводнување капка по капка, од Програмата за рурален развој. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи дека преку оваа мерка се овозможува кофинансирање на трошоците за набавка на различна опрема потребна за инсталирање на системите за наводнување капка по капка, но и услуги за изведување на градежни работи, инсталирање на опремата, како и за изработка на елаборати и техничка документација.„Финансиската поддршка се исплаќа по принципот на кофинансирање, на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот, и е во висина на 50 до…
Мислам дека веќе направи неколку чекори во изминативе месеци. Очекуваме тоа да продолжи со засилено темпо до крајот на годинава, но и во 2020 година.  Владата е позитивно настроена кон инвеститорите, презеде доста активности, а планот за економски раст е една од нив за кој направија подобрување, оцени денеска Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Тој, во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, порача дека не сака да дава оценки за Владата на половината на нејзиниот мандат и нагласи дека во…
Автопатот Миладиновци-Свети Николе – Штип од денеска е пуштен за сообраќај во двата правци, информираат од ЈП „Македонија пат“. – Апел до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација. Упатуваме благодарност до сите граѓани кои во овие неколку месеци беа трпеливи во однос на користење на оваа автопатска делница, стои во соопштението од „Македонија пат“.
До крајот на неделава ќе почне реализацијата на втората фаза од изградбата на систем за наводнување во Јужновардарската долина. Како што соопшти денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски, целиот систем вреден 23,4 милиони евра, ќе биде ставен во функција во следната година ипол година и ќе опслужува над 2.000 хектари. По потпишувањето на првите договори за инвестиции во подземни системи за наводнување „капка по капка“, министерот информира и дека се одобрени средства за хидросистемот „Лисиче“, како и за третата фаза од Јужновардарска долина. Станува збор за вкупна сума од 40 милиони евра.
Живееме во време во кое нашето секојдневие е преплавено со информации. Преку медиумите, околината, интернетот, луѓето кои ги среќаваме, секојдневно до нас допираат илјадници информации. Но што кога ќе ни треба една точна и брза? Дел од нас отвораат Гугл, други се јавуваат да прашаат пријател. Со години наназад еден од пријателите за информирање на граѓаните е службата 1188, затоа денес разговараме со Раководителот на службата за информации 1188, Анжела Митреска-Христова. Најпрво кажете ни, од кога постои телефонската служба за информации од 1188? - Нашата телефонска служба започна со работа во април 2012 година откако пазарот за телекомуникации во Македонија…
Во првиот квартал годинава во однос на последниот квартал лани, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 0,6 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 0,5 отсто, а за вработените се пониски за 3,1 отсто. Во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 4,3 отсто, трошоците за материјали се повисоки за 1,7 отсто, а за вработените се повисоки за 11,3 отсто, објави Државниот завод за статистика. Во првиот квартал годинава во однос на последниот квартал лани, трошоците во градежништвото за нови…
Поевтинуваат бензините и дизелот. Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за денар до денар и половина. Вака одлучи Регулаторната комисијата за енергетика. Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за околу 1,5 денари во следните седум дена. Новата цена на „еуросупер 95“ е 69,50 денари за литар, „еуросупер 98“ ќе чини 72 денара за литар, а „еуродизелот“ од полноќ ќе се продава за 62,50 денари. Екстра лесното масло, ќе се продава по цена од 52 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС сега е 35,118 денари. 
Платежната агенција со 68 нови вработувања, кадровски се доекипира за да се обезбеди исплата на средствата од европските фондови нешто што беше нотирано во последниот европски извештај за земјава. Во платежната агенција скоро имаше вработување на 20 нови лица, од идната недела почнуваат уште 28 кои се ново примени а во фаза се уште 20 нови вработувања посочи првиот човек на агенцијата најповикана за негативните забелешки во извештајот кој очекува со зајакнатиот тим исплатата на европските фондови до земјоделците да добијат нова динамика уште до крајот на годинава.  Министерството за земјоделство објави дека течат триесетте дена подготвителен период во кој…