МАКЕДОНИЈА

Целта на првиот Национален рурален парламент е да се создаде национална платформа на рурални граѓански организации, ЛАГ-ови и здруженија за земјоделство и рурален развој. Првиот Национален рурален парламент во Република Северна Македонија кој ќе се одржи во Крушево, од 12-14ти јуни 2019 година. Целта на првиот Национален рурален парламент е да се создаде национална платформа на рурални граѓански организации, ЛАГ-ови и здруженија за земјоделство и рурален развој, која ќе воспостави комуникација со локалните и националните власти во заедничкото дефинирање на политиките и прашањата поврзани со руралниот развој. Во поширок процес на консултации, проектот создаде заедничка визија од повеќе од 80…
Македонија е земјата во регионот во која најмалку се намалил јазот во доходите помеѓу 20 отсто најбогати и 20 отсто најсиромашни во периодот од 2012 до 2017, според истражувањето на Евростат, пренесува белградски „Данас“. Македонија била негативен рекордер на Балканот со тоа што најситуираните биле 10,2 пати побогати од најсиромашните во 2012, а пет години подоцна јазот е најмал во регионот - 6,4 на страната на богатите во однос на најранливите. Најголеме разлика и нејзуни зголемување има Србија - од 8,9 на 9,4 коефициент. Зголемување на јазот има само ушпте во Бугарија но не толку значителен. Намалување има во останатите…
Јапонска бизнис-делегација предводена од државниот министер за економија, трговија и индустрија во Владата на Јапонија, Јошихиро Секи, од денеска ќе биде во тридневна посета на земјава. Во рамки на оваа посета претседателот на Владата, Зоран Заев, ќе организира прием и вечера за министерот Секи и бизнис-делегацијата од Јапонија, а ќе се реализира и билатерална средба со министрите од економскиот тим во состав на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски, и министерка без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска. Во вториот ден од посетата на јапонската бизнис-делагција на нашата земја, предвидена е…
Недоразбирањата во германската влада околу Македонија и поделбите во Брисел дали одлуката за датум да се носи во пакет со Албанија или според заслуги, сега веќе извесно, се закануваат земјава есента да ја дочека на мртва точка.  Дека Меркел го менува курсот кон земјава, за што вчера жестоко беше нападната и во Бундестагот, денеска потврдува и веста на угледниот „Зидојче Цајтунг“, според кој, канцеларката е категорично против брз датум за Македонија. Како што цитира „Дојче Веле“, на седница на  Комисијата за европска политика на Бундестагот, Меркел јасно ставила на знаење дека датумот за земјава е можно да се донесе најрано…
Расттот на пензиите премиерот Заев денеска го најави во неговото обракање. Пред пензионерите на Републичката ревија на песни, музика и игри 2019-та се обрати премиерот Зоран Заев. Пензионрите главно задоволни од пензиите, но сметаат дека има и други проблеми кои треба да се решаваат.
Во Северна Македонија се јаде безбедна храна. Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, вели дека во првите 5 месеци од годината, институцијата со која раководи спровела 50 илјади контроли, а поднела 2 кривични пријави.   „Кривичната пријава е за загрозување на здравјето на луѓето со пуштање на небезбедна храна во примет. Во кој, во едниот случај дури имаме доказ дека има настанато штетна последица на самиот корисник“, рече Атанасов. Статистиката на Агенцијата покажува дека минатата година граѓаните пријавиле 9 случаи на труење со храна. Во пет од нив било утврдено дека постоело труење, а како затруени…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Изработка на анализи за спроведување на инвестиции за изградба на откупно-дистрибутивни центри“ со осврт на производството, откупот и трговијата со зеленчук и овошје кој го изработи Факултетот за земјоделски науки и храна. Проектот е финансиски поддржан од  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и е во насока на создавање на услови за сигурен пласман и дистрибуција на земјоделските производи како клучна алка во процесот на производство. -Не можеме да зборуваме за развиено земјоделско производство, ако немаме современи откупни и дистрибутивни центри. Организацијата на откупот и функционалната…
318 договори се склучуваат за јавниот повик за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп до 3 хектари ,рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Вкупно 318 договори ќе се склучат за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. Потпишувањето на договорите започна од денеска. На денешното потпишување министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи дека со овој јавен повик се доделуваат вкупно 600 хактари земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари. За разлика од огласите во кои министерството ги објавува расположливите парцели, со овој повик земјоделците имаа можност самоиницијативно…
Капиталните инвестиции одлично се реализираат, рече министерот Горан Сугарески денеска во Кавадарци, одговарајќи на новинарско прашање околу реализацијата на капиталните инвестиции. – Претходната власт капиталните инвестиции ги темелеше на жални врби, згради по 40-50 милиони евра. Сега зборуваме за капитални проекти со личен бенефит на граѓаните. Кога се граделе споменици,  го немало за реконструкција на пример овој пат кој сега започна да се реконструира од Кавадарци кон Росоман. Триесет, четириесет години не се реконструирани овие патишта. На сите гранични премини сега се работи. Од Делчево  до граничен премин сега патот е писта направен. Во делот на комуналната инфраструктура,  во делот…
Лавина од реакции по најавата на власта дека од следната недела и официјално ќе биде пуштена во употреба првата од двете планирани патарини на автопатот Демир Капија-Смоквица, кај Гевгелија. Таа ќе биде најскапа од сите други патарини во земјава и за оние што возат автомобили ќе чини 100 денари. Но давачката на оваа наплатна станица ќе биде највисока и за другите видови превозници, бидејќи во одлуката што ја донела Владата стои дека таа ќе изнесува 160 денари за возилата од втора категорија, каде влегуваат комбиња и автомобили со приколка, потоа 290 денари за возилата од трета, каде спаѓаат автобусите и…