МАКЕДОНИЈА

Системот за поврат на данокот на додадена вредност (ДДВ) на граѓаните пробно веќе е тестиран и е подготвен да се користи од 1 јули. Како подетално ќе се прави повратот на ДДВ, засега не откриваат ниту Министерството за финансии, ниту УЈП, иако до почетокот на овој проект има само две недели. Бидејќи сѐ уште не се знаат критериумите и начинот на реализирање, за да се побара поврат на данокот, пресметките можат да се прават на најразличен начин. Прашањето е какви импликации врз буџетот ќе има оваа реформа и дали ќе се обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе се засили…
Туристи има се повеќе, но не колку што имало пред осамостојувањето. Бројот на туристи од месец во месец е во постојан пораст, но земјава едвај може да ги достигне „златните времиња“ на Југославија во поглед на привлекување на домашни и странски посетители. Дури лани бројот на туристи успеа да надмине 1.1 милион туристи што сепак е помалку од најдобрата 1987 година кога Македонија ја посетиле 1.2 милиони туристи. Освен субвенциите за нискобуџетни летови и тур оператори кои ги воведе претходната влада, и граѓаните со ниски примања и оваа година ќе можат да одат на одмор во земјава со државна помош.…
До денеска во Кичевско се поднесени 575 апликации за субвенции во земјоделството, но оваа бројка не е конечна бидеќи рокот за аплицирање е пролонгиран до 30 јуни, велат од Подрачната единица на ресорното Министерство.   Оттаму очекуваат бројот на барања да достигне 800.   -До 30 јуни земјоделците ќе можат да ги поднесуваат барањата за финансиска поддршка на површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади, како и за сточарско производство (одгледување говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица). Барањата за добивање финансиската поддршка се поднесуваат електронски, самостојно од страна на барателите. Оние кои не…
Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев утре се во еднодневна работна посета на Обединетото Кралство на покана на „Фајненшл тајмс“ за учество на Форум за земјите од Западен Балкан „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“. „Премиерот Заев ќе се сретне со заменик-премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Лидингтон на работен појадок организиран за тројцата премиери од Западен Балкан. Предвидено е премиерот Заев да се обрати на премиерскиот панел заедно со премиерите на Албанија и Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ на тема „Инвестициски можности и како домашната политика влијае на нив”, а вицепремиерот Анѓушев да зборува на…
Арбитражата е еден од најдобрите и најбрзите начини за решавање на стопанските спорови, но за разлика од користењето на арбитражата во светски рамки, кај нас се уште е мал бројот на решени спорови по пат арбитража  кои произлегуваат од деловни односи помеѓу компаниите, но и  институциите, истакна потпретседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Александар Милошевски, на денешната прес конференција. „Деловната зедница е динамична и му е потребен соодветен механизам за решавање на споровите и побрза наплата на своите побарувања во пократок рок, со помали трошоци.  Ефикасноста во решавањето на предметите на странките по пат на арбитража им овозможува…
Иако рударството кај нас е претежно машка професија, сепак средношолката Марија Христовска од Битола, смета дека во рудниците има место и за жени. Таа е трета година во средното училиште „Таки Даскало“   и е единствено  девојче во класот на геолошо рударски техничари. Вели се запишала на оваа насока за  да докаже   дека нема машка  и женска професија. Заедно со  своите соученици   изведува практична настава во рудникот Брод Гнеотино во РЕК Битола. Не сметам дека е машка струка, можат и жените да ја работата ова професија. Добро се снаоѓам иако во класот сум со сите машки, вели Марија Христовска, ученичка во…
Голем пад забележаа цените на нафтени деривати откако Регулаторна комисија ја донесе одлуката по која во следните седум дена ќе се точат горива. Тоа значи дека од ноќеска на сите бензински станици горивата се точат по цени поевтини за 3 односно 2,5 денари по литар. Од денеска Супер 98 ќе точите за  69,00 денари за литар , а Супер 95 ќе се продава за 66,50 денари.  Дизелот чија цена се намали за 2,5 денари ќе се точи по 60,00 денари за литар.
Зоран Заев вчера организираше прием и вечера за државниот министер за економија, трговија и индустрија во Владата на Јапонија,Јошихиро Секи кој предводи јапонска бизнис делегација којашто е во тридневна посета на нашата земја. Премиерот Заев предводеше делегација во состав заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министер за финансии Драган Тевдовски и министерка без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, при што се оствари билатерална средба со јапонската бизнис делегација предводена од државниот министер Секи. На билатералната средба премиерот Заев истакна дека оваа година со Јапонија навршуваме 25 години од воспоставување на дипломатските релации помеѓу двете…
Државата се задолжува 15,3 милиони евра за поставување на трите нови патартини. Распишан е тендерот за изградба на двете патарини кои треба да се постават на автопатот Миладиновци – Штип, и уште една на автопатот Кичево – Охрид. Парите се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој, а тука влегуваат и трошоците за електронска наплата кај рампите „Миладиновци“, „Глумово“, „Желино“, „Тетово“ и „Гостивар“. Компанијата која ќе ја добие работата ќе се знае до октомври годинава, а крајниот рок за нивна изградба и за воведување на електронска наплата е 12 месеци. Во меѓувреме, превозниците реагираат и се лути…
Најдоцна до крајот на наредната година на автопатите низ државата ќе се изградат уште три нови наплатни станици, а на повеќе патарини ќе се воведе електронско плаќање. Вчера е распишан тендерот за избор на компанија која ќе ги гради патарините на делницата од Миладиновци до Штип и тоа кај местата Кадрифаково и Преод, како и на автопатот Кичево-Охрид, кој се уште е во изградба, кај местото Арбиново. Со истиот тендер се бара и изведувач на електронска наплата  на рампата кај Миладиновци, како и на патарините кај Глумово, Желино, Тетово и Гостивар на релацијата Скопје- Гостивар. Вредноста на тендерот е 15,3…