МАКЕДОНИЈА

Меѓународниот аеродром во Скопје во изминатава деценија бележи раст на поврзаноста со останатите аеродроми во светот од 119,1 отсто, покажуваат податоците на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ). Како што објави специјализираниот портал за авиосообраќај exyuaviation.com, со ваквиот раст скопскиот аеродром е рангиран на второто место меѓу аеродромите во главните градови на поранешните југословенски републики, зад Подгорица, која бележи раст во периодот 2019 – 2009 од 284,8 отсто. По Подгорица и Скопје, следува аеродромот во Сараево со децениски раст на поврзаноста од 109,3 проценти, пред Белград со 77,7 отсто, Загреб со 73,4 проценти и Љубљана со 20,4 отсто. Од сите 15 аеродроми…
Јавно – приватниот дијалог за реформите на јавната администрација е во тек, со крајна цел подигнување на квалитетот на работењето на администрацијата, зголемување на нејзината ефикасност и ефективност како професионален сервис кој треба да биде во функција на потребите на приватниот сектор и на граѓаните. Деновиве се погласно се зборува за идната имплементација на моделот за премин на вработените од јавната администрација во приватниот сектор, кој е најавуван од страна на Министерството за информатичко општество и администрација. Овој процес за кој е неопходна сеопфатна анализа и сериозни преговори, го отпочна ресорното министерство, кое во изминатата година покажа подготвеност за  дијалог и соработка …
Корисниците на платежни картички од Комерцијална банка може да ги користат на сите банкомати на Банката и да плаќаат во трговијата. – Од утрово дел од сервисите веќе се активирани, така што со картичките издадени од Банката може да вршите трансакции на сите банкомати на Банката и во трговија во земјата и во странство, соопштуваат од Комерцијална банка и додаваат дека активностите поврзани со функционирањето на останатите сервиси се во тек за што дополнително ќе информираат. Од Банката претходно соопштија дека поради технички проблеми од вчера попладне картичките не можеа да се користат на банкоматите и во трговијата.
Следната недела ќе пристигне втората транша поволни кредити за мали и средни претпријатија од Европската инвестициска банка (ЕИБ), во износ од 16 милиони евра, изјавија денеска заменик-министерката за финансии Ширет Елези и в.д. главниот оперативен директор на Развојната банка на Северна Македонија, Вељанд Рамадани. Со овие средства ќе се поддржат проекти на 53 мали и средни фирми. Како што информираше Рамадани, со првите две транши ќе бидат повлечени вкупно 31 милион евра за поддршка на 92 мали и средни претпријатија. Развојната банка работи и на подготовка за повлекување на нова трета транша во износ од околу 9 милиони евра за…
„Оилко“ КДА Скопје преку Македонската берза информира дека се стекна со 2.015 сопствени акции и сега поседува 5.676 сопствени акции што претставува 2,26% од вкупниот број на акции на компанијата.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, исплати 7,3 милиони денари за произведена и продадена риба на пазарот на вкупно 14 субјекти. Со средствата од оваа мерка и преку Програмата за рибарство и аквакултура се поттикнува развојот на рибарството и производството на риба во Република Северна Македонија. Станува збор за исплата на средства за корисници на мерката „Финансиска поддршка за произведена и продадена риба на пазарот“ која се реализира преку Програмата за рибарство и аквакултура. Оваа финансиската поддршка им следува на сите субјекти кои произвеле и продале риба на пазарите, а кои во тој период немаат увезено жива…
Сашо Василевски, околу кој деновиве се развива случајот со станот што го купил од фирма која е под истрага на СЈО, минатата недела беше разрешен од директорската позиција во МЕПСО, по препорака на Владата до надзорниот одбор на компанијата. МЕПСО беше можеби единственото акционерско друштво во државна сопственост во кое, во текот на „чистката“ на третиот ешалон на власта, е разрешен и целиот управен одбор. На завчерашната седница на Владата, пак, кога повторно се најдоа на дневен ред кадровски прашања, поточно пополнување на испразнетите функционерски места во третиот ешалон, изостана препорака за именување нови членови на УО на МЕПСО од…
-  93.7% од испитаниците поседуваат дебитни картички, а 22% ја користат и можноста да плаќаат на рати - 72.4% од Македонците картичката ја користат најмалку еднаш неделно - 49.5% од Македонците претпочитаат безготовинско плаќање за износи над 750 денари - Достапност до АТМ е топ причина за избор на видот на картичката кај 40 отсто од испитаниците, додека 30 проценти сметаат дека брзината на плаќање е нејзината најдобра карактеристика Мастеркард ги објави резултатите од MasterIndex истражувањето за финансиските потреби и навики на активните сопственици на картички во Северна Македонија. Оваа студија нагласува дека земјава е пазар со доминантно дебитно плаќање – 93.7% од испитаниците поседуваат дебитна картичка, додека 22% од…
Власта го објави тендерот за првите 2км од автопатот Скопје-Блаце, од граничниот премин до клучката Блаце. Автопатот ќе има две ленти за возење широки 3,5м и една за застанување. Една клучка кај селото Блаце и 2 кружни тека. Ќе се вози со 100км на час. Финансиите за автопатот се обезбедени, објавија Вицепремиерот Бујар Османи и директорот на државни патишта Зоран Китанов. Надлежните се оптимисти  дека изградбата ќе почне годинава.Рокот да се изградат овие 2км е 18 месеци. За овој дел претпријатието има обезбедено 10 милиони евра, но колку точно ќе чини ќе каже тендерот. Во меѓувреме ќе се работи на…
По ЕЛЕМ, и државната компанија МЕПСО ќе добие ново раководство. Ева Шуклева е предложена од Министерството за транспорт и врски за нов генерален директор, додека основачот на неделникот Капитал и новинар Љупчо Зиков, повторно е предложен од Владата за директор на финансии и комерција во МЕПСО. Тој и претходно беше предложен за оваа позиција, но во август 2017 година ја врати поканата и како што и напиша тогаш поради „многу пизма и зли мисли“ за него и неговото семејство. Зиков во минатото беше и претседател на партијата Алијанса за подобра Македонија, основана заедно со Минчо Јорданов и Владо Бучковски која…