МАКЕДОНИЈА

Поевтинува парното греење

Среда, 31 Јули 2019 13:12
Според новиот ценовник на РКЕ за приклучените на БЕГ намалувањето е за 6 процени. За домаќинствата на ЕЛЕМ енергетика намалувањето е 13 отсо, а за приклучените на Скопје Север 12 проценти. Новите цени важат од први август. Градско парно користат 53.000 домаќинства.
Љупчо Николовски, поранешниот министер за земјоделство, на својот профил на Фејсбук објави дека од денес земјоделците ќе може да точат зелена нафта со платежните картички со што истата ќе им биде 30 отсто поевтина. „Од денес на зелена нафта за механизација..ЗборотВажи“, напиша актуелниот генерален секретар на СДСМ со што започна практичната реализација на најавата дека до крајот на месецот ќе влезе примената на предизборниот владин проект. Тече и рокот од 60 дена според кој компанијата која го доби тендерот треба да ги изработи сите платежни картички кои ќе бидат персонализирани, а земјоделците ќе можат да купуваат исклучиво Еуродизел. Картичките се доставуваат на…
Управата за јавни приходи информираше дека апликацијата „МојДДВ“ е ажурирана и има подобрена верзија. „Земајќи ги предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички унапредувања во однос на скенирањето на фискалните сметки. Притоа, системот „МојДДВ“ непречено функционира и ажурирањето на апликацијата не влијае на фискалните сметки кои што граѓаните досега ги скенирале“, информираат од УЈП. Заклучно со 30 јули, преку апликацијата „МојДДВ“ скенирани се 6.949.294 фискални сметки, остварен е промет од 3.529.985. 093 денари со пресметан ДДВ во износ од 381.833.364 додека повратот од 15 проценти изнесува 57.275.005 денари.
Според податоците на Евростат, 61,2 отсто од граѓаните на Северна Македонија не можат да си дозволат седумдневен одмор во некое одморалиште во текот на годината. Сепак, бројот на оние кои не можат да одат на одмор бележи пад во однос на 2010 година од кога се води статистичка евиденција за земјава, кога тој процент бил 74,2. Во Европската Унија, пак, на еднонеделен годишен одмор не можат да одат 28,3 отсто од граѓаните од државите членки на Унијата постари од 16 години. Годишен одмор не можат да си дозволат 58,9 отсто од Романците, 51,3 отсто од Хрватите и 51 отсто од…
Дека македонските бизнисмени се заинтересирани за надградување на своите познавања од областа на електронската трговија, говори фактот дека првите карти за Втората конференција за е-трговија во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, пуштени во продажба по Super Early Bird цена, беа распродадени уште во првите 10 дена. Во моментов во продажба се пуштени Early Bird картите, кои исто така се во ограничени количини и со промотивна цена од 79 евра (+ДДВ). Во фокусот на Втората годишна конференција за е-трговија на тема „Бизнис раст со е-трговија“, која ќе се одржи на 25 октомври во DoubleTree by Hilton, Скопје, ќе бидат…
Потпретседателите на Сојузот на стопански комори,  Драган Митковски  и Александар Милошевски, остварија средба со претседателот на Владата, Зоран Заев. На средбата се разговараше за предвидените измени на Законот за вршење сметководствени работи, со цел поефикасно регулирање на сметководствената дејност и подигнување на кредибилитетот на Институтот за сметководители и овластени сметководители. Изразена е заедничка определба за решавање на прашањата од интерес на сметководителите и овозможување транспарентно и одговорно работење.  Потребни се низа мерки од страна на надлежните институции за подобрување на состојбите во фелата. Во пракса постои една крајна неизбалансираност измеѓу наметнатите обврски на професијата кои делумно потекнуваат директно од одредени…
Слободниот пазар на струја целосно ќе профункционира дури кога ќе се преполови цената на регионалниот пазар. Дури тогаш на граѓаните ќе им се исплати да излезат на либерализираниот пазар и самите да купуваат струја, а не да чекаат на универзалниот снабдувач. Од регулаторната комисија за енергетика не наведуваат дали или кога тоа ќе се случи. Дури кога ќе се создадат услови, снабдувачите ќе почнеле да им нудат поволни пакети на домаќинствата. Цената во моментов изнесува 65 евра за мегават час или околу 4 денари за киловат час. „Кога на цената од четири денари за киловат час ќе се додаде трошокот…
Најновата ревизија на Светската трговска организација покажува дека нашата економија е на добар пат, а владините политики даваат резултат, изјави денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши и додаде дека БДП е зголемен за над 40 отсто, има позитивен раст на платите, намалена невработеност, вратена доверба кај инвеститорите и зголемени вложувања. Премиерот најави и нов инвестициски циклус од пет милијарди евра. „Создадовме реална, силна економија. Направивме се за да ја оттргнеме економијата од бизнисот. Ревизијата на СТО е уште еден доказ дека економските политики на Владата даваат резултат. Оваа, 2019, навистина ќе биде година на…
Нови четири авиодестинации се достапни за граѓаните од земјава од аеродромите во Скопје и Охрид, а кои ќе бидат оперирани од нискобуџетната компанија „Визер“. Од 1 август се воведуваат летови од Скопје до Турку, Финска и Ларнака, Кипар, а од Охрид до Меминген и Дортмунд во Германија. Покрај новите четири дестинации на 1 август ќе биде промовирано и поставувањето на петтиот воздухоплов на базата на „Визер“ во Скопје. „Визер“ од двата аеродрома во земјава опслужува околу 40 дестинации.
„Алкалоид“ книжи одлични резултати во првото полугодие. Има раст на добивката, инвестициите и вработувањата. Добвиката која ја прокнижи најголемата македонска фармацевтска комапнија во државата од јануари – јуни добивката  пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 846.016.625 денари и таа бележи раст од 21 отсто, додека единечната нето добивка изнесува 476.943.692 денари и истата е зголемена за 19%.