МАКЕДОНИЈА

Апликацијата МојДДВ од денеска е достапна и за корисниците на IOS системите, информираат од УЈП. -Доколку некој сеуште не е регистриран на системот е-Персонален данок да се регистрира и дека со тоа сопствената е-пошта и лозинка ќе може да ги користи како најава во апликацијата Мој ДДВ. Преземете ја апликацијата, скенирајте фискални сметки и остварете го правото на 15% поврат од пресметаниот ДДВ, стои во соопштението од УЈП. До вчера граѓаните скенирале околу два милиони сметки а апликацијата ја користеле околу 120 илјади граѓани . вкупно остварениот промет на овие сметки бил околу 169 милиони евра а повратот на ддв…
Од здружението на јаболкопроизводители во регионот на Преспа за Алсат велат дека невремето од завчера уништило околу 30% од вкупното производство. Штетата велат е далеку поголема отколку што изгледала во првиот момент и оти се проценува на неколку милиони евра. Според нив, на целиот потег од селото Сливница до Маркова нога уништени се околу 400 хектари со јаболкови насади.   „Покрај тоа што е уништен овогодинешниот, род уништени се и родните пупки за догодина. За оваа 2019 и 2020 година тешко дека во овој регион кој беше опфатен со градот ќе има род со количина и квалитет кој е потребен…
Потребно е подигање на свеста на работникот и на работодавачот за безбедноста и здравјето при работа. Сѐ уште во нашето општество тоа е тема која ја сметаме за маргинална, односно за неважна и на неа реагираме тогаш кога ќе се случи некоја повреда или смртен случај. Во рамки на колективните договори преовладува впечатокот дека тие сѐ уште содржат премалку или воопшто не содржат никакви одредби што се однесуваат на безбедноста и здравјето при работа, што во иднина би требало да се менува кога ќе се преговара меѓу двете заинтересирани страни, работници и работодавачи и кога ќе се случуваат колективни договори.…
Се проширува опсегот на компании што можат да добијат финансиска поддршка од државата.  Предвидените 75 милиони евра поддршка за стопанството со најновите измени на Законот за финансиска поддршка на инвестициите им стојат на располагање на над 4.000 компании, од кои најголемиот дел се домашни. Измените се донесени, правилниците се потпишани и треба утре да се објават во Службен весник, а компаниите може да поднесуваат барање од понеделник. Новите услови може да ги користат и компаниите што веќе имаат договори со претходниот закон. Измените денеска на прес-конференција ги претставија вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши,…
Со новите измени на Законот ќе се зголеми обемот на компании кои можат да аплицираат за државна помош, се олеснуваат критериумите за аплицирање и се врши допрецизирање на термините и одредбите. Со новите измени државна помош ќе можат да добијат земјоделските преработувачки фирми кои не добибаат помош од ИПАРД, градежни компании и трговци кои сакаат да се ориентираат во производство. 4.000 компании ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка. Вицепремиерот Анѓушев информираше дека сите кои склучиле договори ги добиле парите, а така ќе биде и со новиот повик. Пари нема да се добијат однапред, туку ќе треба прво да се…
Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев се обрати на свеченото отворање на бензинската станица на „Лук Оил Македонија“ на регионалниот пат Скопје – Куманово. „Првата бензинска станица, ја имав честа да ја отворам далечната 2008 година, пред 11 години, како градоначалник на Струмица еве, денеска ја имам честа како претседател на Владата на Република Северна Македонија, да ја отворам 31 вата бензинска станица на „Лук Оил“ во Македонија. Но дозволете на самиот почеток да им се заблагодарам и честитам, на успешното обраќање на одличен македонски јазик и на амбасадорот Баздникин и на регионалниот управител на „Лук Оил“, Куку. Тоа…
Заврши ремонтот на Блок 3 во термоелктраната Битола, а од денеска ќе почне ремонт на Блокот 1, соопшти ЕСМ. Од денеска, како што соопштија од термолектраната, ќе почне пуштањето во погон на блокот. „Паралелно со тоа, од работа ќе биде исклучен Блок 1 на кого ќе бидат извршени сервисно – санациони зафати за подобрување на производствените перформанси“, се вели во соопштението. Повеќе  
Годишната анализа на Европската комисија за економските реформски програми на земјите кандидати за членство во ЕУ покажува позитивни трендови за Северна Македонија и го привлекува вниманието на сите чинители кон предизвиците. Европската комисија констатира дека економскиот раст во земјава повторно зема залет и дека изгледите се позитивни. – Благодарение на силниот извоз и силната домашна потрошувачка, бруто домашниот производ (БДП) е зголемен за 2,7 отсто во 2018, стои во годишниот извештај за Економската реформска програма (ЕРП) на Еврокомисијата. Очекувањата се дека економијата ќе продолжи да расте од 3,2 отсто во 2019 до 5,1 отсто во 2021, пред сѐ благодарение на…
За прв пат глобалната краудфандинг платформа „Фандербим“ станува достапна на македонскиот пазар, што значи можност  за  пристап до финансии за компаниите, како и можност за вложување на инвеститори во компании кои се во почетна фаза на развојот, беше истакнато на денешното официјализирање на соработката меѓу Сојузот на стопански комори на Македонија и Македонска Берзa. Меморандумот го потпишаа Габирела Кулебанова, потпретседател на Сојузот и Иван Штериев, главен извршен директор на Берзата.  Договорот има за цел меѓу другото, на компаниите членови на Сојузот да им се овозможи пристап до алтернативен извор за финансирање. „Неопходно е подигнување на свеста за различните модели на…
Продажните цени на производителите на индустриски производи во мај годинава се пониски за 0,2 отсто на месечно ниво, а се повисоки за 1,8 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во мај 2019, во споредба со април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во секторот рударство и вадење на камен за 2,2 отсто, во секторот преработувачка индустрија за 0,1 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2 отсто. Во мај 2019, во споредба со истиот месец лани, продажните цени на производителите на индустриски производи, се пониски во…