МАКЕДОНИЈА

Во 2016 и 2017 година, во рамките на ткн. Западнобалканско правило, над 44 илјади луѓе од земјите од регионот добиле работна виза во Германија. сега ќе се анализира дали правилото е корисно. ЦДУ е незадоволна Владејачката ЦДУ на германската канцеларка Ангела Меркел е незадоволна од ткн. Западнобалканско правило со кое на работниците од овој регион им се овозможи полесен пристап до пазарот на труд во Германија. Незадоволството се должи на големиот број нискоквалификувани и неквалификувани работници кои доаѓаат во земјата. Правилото им овозможува на над 20 илјади работници годишно од земјите од Западниот Балкан да добијат полесен пристап во земјата и да…
Јавното претпријатие за државни патишта го чека Градежниот факултет да ја доврши ревизијата за делницата Скопје – Блаце, па дури потоа ќе го објавеле тендерот за изградба на првите два километри од долгонајавуваниот автопат до Косово. Но и покрај сè, министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски уверува дека градежните работи ќе започнат годинава. „Ние сме ветиле и апсолутно очекувам првите два километри оваа година да бидат отпочнати. За другите десет и пол сум кажал дека се работи на тој проект и очекувам до наредната година да заврши проектирањето за да може после завршувањето на овие два да се отпочне…
Значително помалку Турци ја посетиле земјава. Според Агенцијата за промоција на туризмот ова е причината за падот на вкупниот број на туристи од 4.8% во мај. Поради падот на лирата, Турците имаат слаба платежна моќ. Ако лани во мај земјава ја посетиле 14 илјади Турци, годинава во мај имало само 6.295. Сепак, од Агенцијата очекуваат добра сезона, раст од 3.5%, со што вкупниот број на туристи треба да достигне 1.3 милиони. Директорот на Агенцијата бара измена на системот на субвенции, бидејќи дел од нив немале ефект, како на пример, поддршката за носење на туристи од Холандија. Бројот на туристи бил…
Главен фокус на економските политики на Владата во иднина треба да бидат реформите што се прават во делот на подобрување на пазарот на труд, за намалување на сивата економија и реформите во јавната администрација, како и даночниот систем, порачале членките на Светската трговска организација (СТО) на втората Ревизија на трговската политика на земјава, што се одвиваше во изминатите три дена во седиштето на СТО во Женева. – Членките на СТО ги нотираа напорите и успехот на земјата во решавање на спорот со името со Грција, кој ги отвори вратите на земјата за поголема регионална соработка. Порачаа Република Северна Македонија да…
Во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) отворен е првиот Центар за медијација, по примерот на европските и земјите во светот, каде во рамки на коморите, функционираат Центри за медијација, со цел промовирање на принципот за пристап до правда за сите,  како и исполнувањето на меѓународните стандарди, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот. Во Центарот, редовно ќе бидат одржувани предавања, презентации, работилници и обуки за претставниците од деловната заедница, што ќе сакаат да ја применуваат медијацијата како постапка во решавање на спор. Претседателoт на Комора на медијатори, Славе Младеновски, рече дека првиот Центар за медијација во Скопје,…
Патничкиот но и товарниот железнички сообраќај во земјава се одвива со потешкотии. Дел од постарите локомотиви и патнички возови се расипуваат на високите температури, па се случува некои линии да бидат и откажани, како што е случајот со возот за Кочани. Шесте патнички возови кои во 2015 и 2016 година за 25 милиони евра беа набавени од Кина пак се без технички прием оти имаа помалку седишта. „Од овие ново набавени возови граѓаните немаат бенефит. Имаме проблеми во железничкиот сообраќај. Се надевам дека тоа ќе се надмине со локомотивите кои ги чекаме да дојдат од Кина“, рече денеска министерот за…
Во велешкото село Богомила, во општина Чашка, денеска почна изградба на нов мост во кој ќе бидат вложени 15 милиони денари, а за кој активностите треба да бидат завршени за една година, информира директорот на ЈП за државни патишта (ЈПДП), Зоран Китанов, кој со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изврши увид на активностите за изградба на регионалниот пат Чашка-Лисиче. Според Китанов, општина Чашка годинава ќе биде рехабилитирана инфраструктурно од сите страни. – Од минатата година преземаме активности за подобрување на инфраструктурата. Минатата година беше завршен патот од Чашка до Стари Град, Богомила – Согле, а во моментов се…
За десетина дена се очекува да бидат сублимирани процените од штетите што ги предизвика минатонеделното невреме во Преспа и да бидат доставени до владината комисија, а земјоделците ќе бидат обесштетени, рече денеска министерот за земјоделство Трајан Димковски. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот со АД „Макпетрол“ за „зелената нафта“, Димковски информира дека комисиите интензивно работат на терен и по нивен предлог, Владата е подготвена да интервенира. -Нема да се проценуваат само приносите, туку и основните средства, зашто се оштетени и голем број стебла. Проценетата штета ќе им биде надоместена на земјоделците. На градоначалникот му беше сугерирано да се…
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари, а дизелот и екстра лесното гориво за денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50ден/лит,  а на ЕУРОСУПЕР БС-98 72,50 денари за литар.  Лидат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 62 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемуваза 1,343 денари и килограм од тој енергенс ќе чини 36,081 денар. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,35 проценти. РКЕ…
Според членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Трајко Славески мерката на УЈП и владата за повраток на ДДВ-то ќе има многу мал ефект. Тој во радио емисија на Канал 77 ја коментираше акцијата за поврат на ДДВ и рече дека очекува оваа мерка да биде со краток рок на траење затоа што и промоторите, односно владата, ќе ја напуштат идејата за извесен временски период, од причина што мерката нема да ги даде очекуваните резултати. – Ние овој поврат го имаме и досега со некои картички за “кеш-бек” кои ги имаат некои банки или други институции, дури и до еден…