Бензинот поскап за 3.5, а дизелот за 2.5 денари

Понеделник, 09 Февруари 2015 13:45 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува од три до три и пол денари, а на дизелот за 2,5  денари по литар. 

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за три денари и ќе изнесува 62 денари за литар, Еуросупер БС-98 поскапува за 3,5 денари и ќе се продава по 64 денари. Малопродажната цена на Еуродизелот ќе изнесува 51 денари за литар.

Цената на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува, исто така, за 2,5 денари и ќе се продава по 39,50 денари.

Зголемување има и на малопродажната цена на мазутот М-1 кој ќе се продава по 23,456 денари за килограм.

 

МИА

ЕКОНОМИСТ.мк

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipisicing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud exercitation ullamco laboris nisi ut aliquip ex ea commodo consequat.