Состанок на Ловечката федерација за африканската свинска чума Состанок на Ловечката федерација за африканската свинска чума

Вторник, 13 Август 2019 09:20 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Актуелната состојба со африканската свинска чума во регионот, ќе биде една од темите на денешниот состанок на Ловечката федерација во Велес, на кој ќе учествува и директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.
Состанок на Ловечката федерација за африканската свинска чума | opserver.mk

На состанокот ќе бидат презентирани и мерките за намалување на популацијата диви свињи во земјава како една од превентивните мерки за сведување на минимум на опасноста од евентуално пренесување на вирусот на африканска свинка чума кај нас. Како што најавува АХВ, ќе се обрне внимание и на биосигурносните мерки кои треба да ги преземат ловџиите при отстрелот и манипулацијата со застреланите или угинатите свињи на ловиштата.
Состанок на Ловечката федерација за африканската свинска чума | opserver.mk