Од денес поевтини горива: Ова се цените

Вторник, 13 Август 2019 09:16 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Драстично се намалија цените на горивата. Тоа го одлучи РКЕ .

Бензините забележаа пад за дури три денари, додека пак за два денари паднаа и цените на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.

Тоа значи дека почнувајќи од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 се точи за 66,50 денари за литар, а  ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 68,50.

За  60 денари
ден/лит ќе се полнат резервоари со ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) додека пак 50 денари ќе чини Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 

И цената на мазутот се намали и таа ќе изнесува 32,361 денари за кг.