Пултови за МојДДВ: Зошто некои сметки не се скенираат

Петок, 19 Јули 2019 13:09 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Пулт „Мој ДДВ“ на кој граѓаните ќе може да се информираат за мерката поврат на ДДВ и за сите нејаснотии околу скенирањето на сметките ќе постави денеска Управата за јавни приходи (УЈП) во Веро 2 Тафталиџе во Скопје

Од УЈП информираат дека вакви пултови ќе се поставуваат и на други места во повеќе градови низ државата.

Мерката стартуваше од 1 јули, а според инфрмациите од УЈП граѓаните покажуваат интерес и ги скенираат сметките. Се зголемил доста и бројот на пријави од граѓани за објекти.

На 36 места во организациските единици на територија на целата држава се поставени и киоск апарати, баркод читачи и паметни мобилни телефони преку кои УЈП им овозможува на граѓаните да ги скенираат своите фискални сметки.