Турската компанија „Балканлар пластик“ ќе инвестира речиси 10 милиони евра во Бунарџик

Четврток, 18 Јули 2019 13:47 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Нова турска инвестиција во индустриската зона Бунарџик, тешка околу 8 милиони евра.

„Балканлар Пластик“ ќе произведува пластични амбалажи за градежната, млечна, хемиска и авто индустијата.

На почетокот ќе се вработат 80 луѓе, а планот е во иднина да се отворат над 300 работни места.

Со вложувањето во оваа држава размислуваме да придонесеме во вработувањето на овдешните жители и развојот на овој регион.

На свеченоста присуствуваа и владини претставници.

Отворањето нови фабрики во земјава значат повеќе нови работни места, раст на економијата и подобар стандард за граѓаните, потенцираа премиоерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев.

-Јас посакувам оваа фабрика да биде еснаф во нашата држава и да имаат многу бериќет за доброто и на компанијата, но и за доброто на нивните идни инвестиции, а пред се за доброто на вработените и во иднина ќе остваруваат своите соништа овде во нашата држава, а не надвор од неа. / се приклучуваме со оваа фабрика уште еднаш, кон идејата да извезуваме производи, а не луѓе од нашата држава, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев.

-Сакам да ја искористам приликата, да се заблагодарам на турскиот народ за последната ратификација на протоколот за НАТО, којашто пред неколку дена се случи, и еве имаме завршени 21 ратификација на НАТО протоколот. Коешто само по себе се повеќе станува извесно дека декември земјава има огромни шанси да стане членка на НАТО. А, тоа истовремено значи мотивација и дополнителна провокација - позитивна да привлечеме уште многу компании, меѓу кои и компании од Турција, порача премиерот Заев.

Турските инвестиции во земјава, само лани биле 36,2 милиони евра, а во првиот квартал годинава 16, 3 милиони евра.

Директните странски инвестиции од јуни лани до мај годинава пораснале за 200% во споредба со истиот период претходно.