Руска инвестиција на влезот на Арачиново

Четврток, 11 Јули 2019 12:20 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев се обрати на свеченото отворање на бензинската станица на „Лук Оил Македонија“ на регионалниот пат Скопје – Куманово.

„Првата бензинска станица, ја имав честа да ја отворам далечната 2008 година, пред 11 години, како градоначалник на Струмица еве, денеска ја имам честа како претседател на Владата на Република Северна Македонија, да ја отворам 31 вата бензинска станица на „Лук Оил“ во Македонија.

Но дозволете на самиот почеток да им се заблагодарам и честитам, на успешното обраќање на одличен македонски јазик и на амбасадорот Баздникин и на регионалниот управител на „Лук Оил“, Куку. Тоа за нас многу значи, тоа е израз на големо почитување и пријателство помеѓу нас и нашите земји.

Имам посебно чест, заедно со сите вас, денеска да го изразиме нашето задоволство од свеченото пуштање во употреба на бензинската станица на „Лук Оил“. Ова е 31 бензинска станица во мрежата на објекти на оваа компанија во Република Северна Македонија.

Новата бензинска станица на „Лук Оил“ е од извонредно значење за овој регион и ќе ги задоволи потребите на жителите на општините Гази Баба и Арачиново, како и на сите патници и деловни луѓе кои фреквентно го користат регионалниот пат Скопје – Куманово“, рече Заев.