Бројот на ученици во средните стручни училишта во Битола од година во година е се помал

Вторник, 11 Јуни 2019 11:11 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Иако рударството кај нас е претежно машка професија, сепак средношолката Марија Христовска од Битола, смета дека во рудниците има место и за жени. Таа е трета година во средното училиште „Таки Даскало“   и е единствено  девојче во класот на геолошо рударски техничари. Вели се запишала на оваа насока за  да докаже   дека нема машка  и женска професија. Заедно со  своите соученици   изведува практична настава во рудникот Брод Гнеотино во РЕК Битола.

  • Не сметам дека е машка струка, можат и жените да ја работата ова професија. Добро се снаоѓам иако во класот сум со сите машки, вели Марија Христовска, ученичка во СОУ „Таки Даскало“- Битола.

Сепак, генерално интересот за оваа струка од година во година опаѓа, иако Рударско енергетскиот комбинат Битола има потреба од вакви профили.

  • Девојчиња имаме секоја година по едно или по ниедно. Вчера бевме на генерациската средба, има повеќе женски од машки. Како што се намалува бројот на деца ние имаме и се помалку ученици во класовите. Инаку точно онолку колку што завршуваат има потреба да се вработат во РЕК-Битола, вели  Валентина Маневска, рударски инженер, професр во СОУ „Таки Дасакало“-Битола.

Од РЕК Битола велат дека ја продлабочуваат соработката со средните училишта и факултетите каде се образоваат кадри кои се потребни на комбнатот. Со унапредување на дуалното образование најавуваат и поголем квалитет на практичната настава, со што се очекува да се намали јазот помеѓу понудата и побарувачката на стручен кадар на пазарот на трудот.

Последен пат изменето на Вторник, 11 Јуни 2019 11:15