Од денес возачите полнат горива по овие цени

Вторник, 11 Јуни 2019 11:09 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Голем пад забележаа цените на нафтени деривати откако Регулаторна комисија ја донесе одлуката по која во следните седум дена ќе се точат горива.

Тоа значи дека од ноќеска на сите бензински станици горивата се точат по цени поевтини за 3 односно 2,5 денари по литар.

Од денеска Супер 98 ќе точите за  69,00 денари за литар , а Супер 95 ќе се продава за 66,50 денари. 

Дизелот чија цена се намали за 2,5 денари ќе се точи по 60,00 денари за литар.