Во Крушево ќе се оддржи првиот Национален рурален парламент

Понеделник, 10 Јуни 2019 13:11 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Целта на првиот Национален рурален парламент е да се создаде национална платформа на рурални граѓански организации, ЛАГ-ови и здруженија за земјоделство и рурален развој.

Првиот Национален рурален парламент во Република Северна Македонија кој ќе се одржи во Крушево, од 12-14ти јуни 2019 година.

Целта на првиот Национален рурален парламент е да се создаде национална платформа на рурални граѓански организации, ЛАГ-ови и здруженија за земјоделство и рурален развој, која ќе воспостави комуникација со локалните и националните власти во заедничкото дефинирање на политиките и прашањата поврзани со руралниот развој.

Во поширок процес на консултации, проектот создаде заедничка визија од повеќе од 80 организации од руралните средини за подобар живот преку интегриран рурален развој.

Оваа визија ќе биде декларирана во “Манифест” и ќе и се предаде на Владата, барајќи трансформација на руралните области во атрактивно место за работа и престој, обезбедувајќи одржливост на животната средина, работни места, раст и подобар квалитет на живот.