Во Македонија најмногу се намалил јазот помеѓу богатите и сиромашните

Понеделник, 10 Јуни 2019 13:10 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Македонија е земјата во регионот во која најмалку се намалил јазот во доходите помеѓу 20 отсто најбогати и 20 отсто најсиромашни во периодот од 2012 до 2017, според истражувањето на Евростат, пренесува белградски „Данас“.

Македонија била негативен рекордер на Балканот со тоа што најситуираните биле 10,2 пати побогати од најсиромашните во 2012, а пет години подоцна јазот е најмал во регионот - 6,4 на страната на богатите во однос на најранливите.

Најголеме разлика и нејзуни зголемување има Србија - од 8,9 на 9,4 коефициент. Зголемување на јазот има само ушпте во Бугарија но не толку значителен. Намалување има во останатите земји во регионот, но не толкаво како во Македонија. Во Турција е 8,6, Црна Гора има коефициент 7,4, додека во Грватскам Романија, Унгарија и Словенија тоа е незначително.

Инаку европскиот просек на коефициент е 5,1 во односот најбогати-најсиромашни и во петгодишниот период останал речиси непроменет.