Стапува на сила забраната за плаќање над 500 евра во готово

Петок, 31 Мај 2019 13:11 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Од утре стапува во сила последната измена на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам со што купувањето во кеш ќе биде дозволено само за суми до 500 евра.

Забраната важи и за физички и за правни лица. Казните за прекршување на Законот се од 5.000 до 80.000 евра.