Виенски форум: Вистинско време за инвестиции во Македонија

Вторник, 21 Мај 2019 09:27 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Сега е вистинско време странските инвеститори да ги реализираат своите проекти во нашата земја, порачаа владините министри кои преводени од премиерот Заев, учествуваат на Виенскиот економски форум.

Сега е вистинскиот момент да се инвестира во Македонија е пораката која владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев ја испрати на Виенскиот економски форум. Заев пред присутните бизнисмени зборуваше за успешно спроведенетите претседателски избори, реформите, Договорите со Грција и Бугарија, за кои како што рече резултирале со продлабочување на соработката со земјите од соседствотото. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој е дел од владината делегација изјави дека по денешниот форум се продлабочила соработката со неколку реномирани австриски компании.

Воведно обраќање имаше и Томас Арнолднер, извршен директор на А1 Телеком Австрија Групацијата каде што се одржува форумот. Тој изјави дека ребрендирањето на Вип операторот  е предвидено да заврши кон крајот на годината.

Еврокомесарот Јоханес Хан ги повика бизнисмените да инвестираат во Македонија, бидејќи таа е политички најстабилна во регионот.

Виенскиот економски форум се одржува два пати во годината. Оваа пролет форумот е  посветен единствено на новите перспективи на  Македонија.