Од 1 јуни во Македонија повеќе нема плаќање со високи суми во кеш

Вторник, 21 Мај 2019 09:24 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Од 1 Јуни 2019 година, согласно Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, забрането е плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции. 

Истото ќе мора да се изврши преку платежна картичка или со уплатница преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

Согласно наведеното, од 1 јуни 2019 година, трговците кои вршат наплата во готовина ќе можат да вршат продажба и наплата до 500 евра при поединечна трансакција.