Промени на цените на горивата: Бензинот поевтин, дизелот поскап

Вторник, 14 Мај 2019 14:07 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Од денеска граѓаните ќе полнат гориво по нови цени, откако трговците со нафта и нафтени деривати одлучија да ги променат цените на горивата. Според нивната одлука, следејќи ја досегашната методологија на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), бензините поевтинија за 1 денар, додека дизелите поскапеа за половина.

Па така 95 се продава по цена од 71,00 денари за литар, горивото со 100 октани ќе се продава по цена од 73,00 денари за литар. Дизел горивата исто така ќе се продаваат по нова цена, која е поскапа од досегашната за половина денар. Па обичниот дизел ќе се продава по 64,00 денари за литар, цената за био-дизелот е 65,00 денари за литар.