Зголемен бројот на издадени дозволи за градба

Вторник, 14 Мај 2019 14:05 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Според податоците на Државниот завод за статистика во март 2019 година се издадени 277 одобренија за градење, што е за 56.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.074.693 илјади денари, што е за 32.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 106 (38.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 35 (12.6 %) за објекти од нискоградба и 136 (49.1 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 277 објекти, на 125 (45.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 152 (54.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.