Заев на средби во ЕБОР: Ја намалуваме невработеноста и ги покачуваме платите

Среда, 08 Мај 2019 12:03 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и  министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска учествуваа на церемонијата на отворање на Генералното собрание на ЕБОР во рамки на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој, настан  којшто се одржува  во Сараево, БИХ.  Премиерот Заев и министерот Тевдовски дадоа кратки изјави. Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на Премиерот Заев во целост.

 „Прекрасна можност е да учествуваме на Годишното Собрание на ЕБРД, Европската банка за обнова и развој заедно со министерот за финансии и да разговараме на теми идни перспективи на целиот регион, регионалната соработка, зајакнување на инвестициите пред се во инфраструктурата, но и во сите други важни сегменти на државата.

 Главни теми на кои се разговара се регионалната поврзаност, зголемување на конкурентноста и капацитетите на нашите компании, зголемување на соработката на целиот регион, дигитализацијата, патната инфраструктура и енергетската инфраструктура, сето она што живот значи и во нашата земја Северна Македонија.

 Европската банка за обнова и развој е инвеститор од 1.9 милијарди евра  во нашата земја која имплементира над 150 проекти кои го дефинираат севкупниот развој на нашата земја затоа е многу важно да ги искористиме сите можности којшто значат и пренесување на знаење, позитивни искуства за реализација на одредени проекти, а истовремено да охрабриме и побрзи процедури во делот на ЕБРД, подобри пракси и на крајот позабрзан раст и развој на нашата земја.

 Сето тоа што се случува во Република Северна Македонија после сите политички договори дефинитивно ја става земјата во позиција да ги максимизира своите ефекти за да го забрза својот раст и развој, да ја намалиме невработеноста, да ги зголемиме платите на граѓаните, а ЕБРД може да одигра значајна улога. Нашиот фокус е да ги мотивираме да пласираат повеќе пари на малите и средни претпријатија заради тоа што развојот на земјата го гледаме токму преку тоа, верувам дека тоа ќе се случува во периодот којшто претстои пред нас, но секако и реализација на големите капитални инвестиции како што е патната инфраструктура, третата фаза од железничката пруга, продолжување на проектите како што се гасификација, енергетска поврзаност, нови енергетски извори,  и многу други проекти важни за граѓаните и за севкупниот раст и развој на економијата на Северна Македонија“