„Лукоил“ го доби тендерот на Народната банка за набавка на горива вреден 40.000 евра

Среда, 08 Мај 2019 11:48 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Народната банка по распишаниот тендер за набавка на безоловен бензин, дизел гориво и течен петролеумгас склучи договор со друштвото за трговија на нафтени деривати и услуги „Лукоил Македонија“ ДООЕЛ Скопје.

Вредноста на склучениот договор со вклучен ДДВ е 2.497.599 денари или околу 40.000 евра.