2 милиона активни корисници во Македонија во мобилната телефонија

Петок, 03 Мај 2019 11:57 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Македонија брои вкупно 1.969.109 активни корисници во мобилната телефонија, со реализиран сообраќај од 1.387.086.595 милијарда минути. 1.198.245 минути вкупно се сообраќај од претплатници на домашен оператор при роаминг надвор од државата, гласи последниот официјален извештај од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Во последниот квартал од 2018 година, бројот на претплатници со пристап кон интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа, е еднаков на 1.348.134. Во четвртиот квартал лани најголем удел има оне.ВИП со 49,25%, по што следува Македонски телеком со 48,6%, а Лајкамобајл има скромни 2,15%. Во приходите од обезбедување на малопродажни мобилни комуникациски услуги од 2018 година Македонски телеком и оне.Вип се доминантни, а Лајкамобајл имаат само 0,43%.