Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев на средба со стопанственици во Струмица

Четврток, 02 Мај 2019 13:59 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев денеска одржаа средба со група стопанственици во Струмица.

Целта на овие средби, како што посочија и двајцата, е да се поттикне вниманието на деловна заедница да ги користи сите механизми и алатки што им стојат на располагање за да можат да отворат нови производствени погони, да инвестираат во нови капацитети, да отворат нови работни места, да го зголемуваат бруто домашниот производ и секако да го зголемувата извозот.