ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА СУДЕЊЕТО ВИЦЕ ЗАЕВ ПРОТИВ АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ

Петок, 12 Април 2019 12:53 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Во граѓанскиот суд во Скопје попладнево заврши судското рочиште во кое братот на премиерот, Вице Заев, го тужи за навреда и клевета, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алексансар Николоски за телефонска изјава дека е главен бизнис фактор во државата.

Според одбраната на Заев според доказите се компромитира неговата личност. Братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, не дојде на рочиштето. Двете страни денеска ги дадоа завршните зборови. На медиумите не им беше дозволено да го снимаат судењето.

На завршните зборови, се слушаше „це-де“ со изјавата на Николовски за Вице Заев, што е доставено со тужбата, а се читаа и наслови и извадоци од новинарски текстови од повеќе медиуми во кои е цитирана изјавата на Николовски.