НИКОЛОВСКИ: ПРВАТА ФАЗА ОД ХИДРОСИСТЕМОТ „ЗЛЕТОВИЦА“ ВО НАРЕДНИТЕ ДВЕ ГОДИНИ ЦЕЛОСНО ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА

Петок, 12 Април 2019 12:50 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Хидросистемот „Злетовица“ ќе биде ставен целосно во функција во текот на наредните две години. министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава од својот буџет издвојува вкупно 212 милиони денари и на овој систем ќе се поврзат општините Штип, Карбинци и Лозово, кои не примаат вода за пиење од овој систем. Веќе е распишана тендерска постапка за избор на консултантска куќа, а отварањето на понудите ќе биде на 16 мај.