Во јуни се очекува новата стратегија за развој на туризмот

Четврток, 28 Март 2019 15:05 Напишано од  Објавено во МАКЕДОНИЈА

Во јуни се очекува Владата да ја донесе новата стратегија за развој на туризмот, а потоа да почне собраниската процедура, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на седница за пратенички прашања. Се работи и на најновиот нацрт за новиот закон за туризам за што ќе има јавни дебати.

Бектеши соопшти дека секторот туризам лани ги урнал рекордите од самостојноста на државата. Покрај зголемувањето на бројот на туристи, се  субвенционираат и македонски граѓани кои немаат доволно приходи за летни или зимски одмори.

-На илјадници граѓани на крајот од 2017 и од 2018 година им се даде можност да ги посетат нашите туристички места, рече Бектеши, додавајќи дека се работи и на нов бренд за туризам во државата.

Во однос на поврзаноста на туризмот и рудниците тој, во одговор на пратеничко прашање, рече дека  Министерството за економија не прави компромис со здравјето на граѓаните.

-Бевме и претпазливи за да не ја оштетиме државата од финансиски аспект и од можна арбитражна постапка, рече Бектеши.